Други спортови
Вакво нешто не се памети: Светот е во шок поради ужасната повреда на главата на ММА борец (ФОТО)
Американскиот ММА борец Хантер Бун се здоби со страшна повреда на главата минатата сабота.
Откако започнала тепачката, Бун со глава ја удрил вратата од кафезот, која немала соодветна заштита на него, а тоа му нанело тешка повреда на овој борец.
View this post on Instagram
Главата му била исечена за нереални 20 сантиметри, веднаш изгубил свест, а судијата брзо реагирал и го повикал докторот во октагонот.
View this post on Instagram
Несреќниот Бун заврши во болница, а колку е страшна повредата покажуваат фотографиите кои се појавија. Погледнете ТУКА како изгледа со предупредување дека сцената не е за сечиј стомак.
Боречката борбена лига (МЦЛ) не ја прифаќа вината за лошата организација и грешката со поставувањето на кафезот.
„Во шок сме како и сите други поради тоа што се случи, но убедени сме дека кафезот не бил поставен поинаку од вообичаеното. Комисијата извршила увид пред борбите и не биле констатирани никакви проблеми. Се уште не знаеме како овој инцидент се случи“, соопшти MCL.
Хантер Бун е во професионална кариера со сооднос од две победи и два порази.