Connect with us

Други спортови

Валтери Ботас го напушта Мерцедес на крајот на сезоната и се сели во Алфа Ромео

Алфа Ромео пред неколку дена објави дека Кими Раиконен нема да биде возач на овој тим бидејќи ќе се пензионира по крајот на сезоната.

Сепак, италијанскиот тим веднаш започна да бара нов возач, а денес ги воодушеви сите со објавата дека Валтери Ботас од следната сезона ќе вози за Алфа Ромео.

Ботас е во Мерцедес неколку сезони, но ја има улогата на втор возач покрај Луис Хамилтон, што воопшто не му се допаѓа, и одлучи дека е време за нов предизвик во кариерата.

Финецот денеска потврди дека потпишал договор со Алфа Ромео и дека од следната сезона ќе биде возач на италијанскиот тим.

„Се отвора ново поглавје во мојата тркачка кариера. Возбуден сум што ќе се преселам во Алфа Ромео и тоа ќе биде нов предизвик во мојата кариера, кој едвај чекам да го започнам“, рече Ботас.

Ботас потпиша повеќегодишен договор за Алфа Ромео и сигурно ќе биде вистинска замена за Раиконен.

Што се однесува до Мерцедес, од друга страна, веќе се шпекулира дека местото на Ботас во овој тим ќе го заземе Џорџ Расел, кој во моментов е член на Вилијамс.