Други спортови
Валтери Ботас преминува во Рено?
Сирил Абитебул, првиот човек на Формула 1 тимот Рено, потврдил дека тимот преговара со Фернандо Алонсо. Доминацијата во Формула 1 од страна на Мерцедес трае уште од 2014 година, а оттогаш само Нико Росберг го „украде“ тронот од Луис Хамилтон. Сепак, од 2017 година тимски колега на Британецот му е Валтери Ботас, кој добро си ја врши својата улога.
„Да Алонсо е една од опциите за наредната сезона, но не и единствената. Единствено што сега можам да кажам е дека ќе оставиме времето да го одработи своето бидејќи пред нас е важна одлука. Би било чудно да избереме возач додека сезоната се уште не е готова, а новата не започнала“, рекол првиот човек на Рено.