Connect with us

Фудбал

Валверде лобира за Алонсо

Предводникот на каталонскиот гигант Барселона, Ернесто Валверде, сака во пролетниот дел од актуелната сезона на располагање да ги има и услугите на шпанскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Марко Алонсо.

Офанзивниот бек не е задоволен од минутажата која ја има во актуелната сезона и затоа сака да ја промени средината веќе во јануари. Големата желба на Валверде ќе стане реалност само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 20 мил. евра.