Connect with us

Фудбал

Валверде: Меси нема да замине утре во пензија

Медиумите во Шпанија пишуваа многу за тоа дека Лионел Меси би можел да се пензионира на крајот на сезоната, а тоа го налути тренерот на „Каталонците“, Ернесто Валверде.

Аргентинецот кој во понеделникот ја доби шестата Златна топка ја спомена можноста за пензија, но Валверде смета дека новинарите малку претерале во нивните наслови за целата ситуација.

„Не сум изненаден од овие приказни. Тој има 32 години. Сепак, мое мислење е дека тој нема да замине во пензија утре или за три дена. Кога сте на 30 години и постар, нормално е да е да го гледате крајот. Сепак, мислам дека имаше премногу се зборуваше за тоа“, вели Валверде.

Валверде зборуваше и за натпреварот против Мајорка која се игра вечерва.

„Тие се дебитанти во лигата и имаат проблеми со гостувањето. Секогаш имаат позитивен став и дефинитивно ќе дојдат да се надигруваат со нас“, заклучи Валверде.