Фудбал
Валверде откри што мисли за Меси
Поранешниот тренер на Барселона Ернесто Валверде во интервју за фудбалскиот поратал „goal.com“, говорел и за најдобриот светски фудбалер Лионел Меси.
– Меси не може да се споредува со никој друг. Многу е тешко да кажете дека сте виделе ваков играч како него, особено кога ќе го видите на тренингот. Прави работи кои ги немате видено. Гледате од страна и се мислите дека имате подобра претстава за тоа што треба да се случи на теренот, но тој во таа „гужва“ знае подобро од вас, секогаш го има најдоброто решение. Меси е многу лесен за тренирање, не само што има огромно влијание врз групата, тој покажува почит, има голема амбиција за победа и чувствува голема одговорност за играта на Барселона, но и за целиот клуб. Тоа го пресликува врз целиот тим и ги тера сите да бидат на високо ниво. Импресивно е да го гледате од далеку, но одблиску уште повеќе, – објаснува Валверде.
Ернесто Валверде во јануари ја напушти Барселона, а позицијата го наследи Кике Сетиен.