Фудбал
Валверде сакаше да го „избрка“ Ракитиќ од Барселона, а тој постапи господски
Играчите на Барселона го совладаа Леванте со 2:1 во натпреварот од 22. коло во шпанската Ла Лига синоќа пред своите навивачи.
Каталонскиот клуб дојде до нови три бода на крилјата на 17-годишниот Ансу Фати кој ги постигна двата гола. Од првата минута Барса играше со Иван Ракитиќ, кој до пред неколку недели беше отпишан во овој клуб.
Барселона сакаше да го продаде Ракитиќ во јануари, но откако Кики Сетиен беше избран за нов тренер, тоа се промени. За разлика од Ернест Валверде, новиот тренер Барсе изјави дека смета на Ракитиќ и дека не е на продажба.
Ракитиќ помина многу низ оваа сезона и во неколку наврати зборуваше за тоа како сака да го напушти клубот. Хрватскиот играч од средниот ред зборуваше за тоа по синоќешниот натпревар.
„Не сакам да молчам, сакам јасно да кажам што не ми се допаѓа. Не заслужував некои работи и така да ме третираа. Но, пред се мислам дека не беше фер постапката кон Валверде, покрај се што се случи помеѓу нас. Сега уживам во фудбалот и го оставив тоа зад себе. Вистината е, размислував да заминам, но не размислувам премногу за тоа што се случува и сега свртив нова страница“, рече Ракитиќ.