Фудбал
Валверде утрово се збогуваше со фудбалерите на Барселона пред да започне тренингот
Барселона синоќа официјално потврди дека Ернесто Валверде повеќе не е тренер на овој клуб.
По лошиот настап на Барселона во Супер купот на Шпанија, кој се одржа во Саудиска Арабија, челниците на клубот решија да му се заблагодарат на Валверде за соработката. Овој стручњак се извлече од отказ неколку пати, но овој пат немаше друг начин.
Барселона синоќа објави дека Валверде повеќе не е тренер на овој тим, а ќе биде заменет со Кике Сетиен, кој потпиша соработка со Барса до летото 2022 година.
„Мундо Депортиво“ утрово објави фотографија од Валверде кој пристигна во тренинг-комплекс на Барселона пред тренингот на овој тим. Валверде дојде да се збогува со играчите, а на патот ги собра своите работи од тренерската канцеларија.
