Connect with us

Фудбал

Ван Дајк откри што им кажал Клоп во соблекувалната на полувреме

Одличен натпревар се одигра синоќа во Виљареал. Домаќинот имаше 2:0 на полувремето, на крајот загуби од Ливерпул со 3:2.

„Црвените“ славеа во првиот полуфинален меч со 2:0, но синоќа беа во големи проблеми по првите 45 минути од реваншот во Шпанија. Губеа со 2-0, изгледаа немоќно, а потоа го покажаа своето вистинско лице и доаѓаат до пресврт.

Сега „црвените“ го чекаат подобриот од мечот Реал Мадрид – Манчестер Сити во големото финале. Стоперот на англискиот великан Вирџил ван Дијк пред новинарите откри што им кажал Јирген Клоп на полувремето.

„Менаџерот само ни рече на полувремето „играјте со начинот на Ливерпул“. Покажавме во вториот дел колку го сакаме тоа финале. Бевме доминантни. Беше напорна работа, но мораме да го заборавиме првото полувреме што е можно поскоро. Како игравме не е добро“, рече Холанѓанецот.

Тој особено го пофали Луис Дијаз, чие влегување на полувремето ги промени работите на теренот.

“Тој е неверојатен. Напаѓа без никаков страв. И ако не успее, тој оди повторно, повторно и повторно”, рече Ван Дајк.

Финалето во Лигата на шампионите се игра на 28 мај, сега се чека да видиме кој ќе им се приклучи на црвените. Вечерва се игра реваншот меѓу Реал и Сити во Мадрид, а Англичаните имаат 4:3 од првиот дуел.