Connect with us

Фудбал

Ван дер Сар ги избра шесте најдобри со кои играше или против кои играше: Сите икони…

Поранешниот холандски голман Едвин ван дер Сар играше со и против некои од најдобрите играчи на сите времиња.

Од неговото време во Ајакс во средината на 1990-тите, до Манчестер Јунајтед на крајот од неговата кариера, тој беше навистина благословен и доволно среќен да ги запознае најголемите фудбалски икони.

Од Ван Дер Сар беше побарано да ги наведе шесте најдобри играчи со кои играл или против кои играл и немал премногу дилеми.

Тој најде место за двајца поранешни соиграчи од Манчестер Јунајтед, додека неговиот среден ред и нападот зрачат со класа.

Тој беше на голот, а Рио Фердинанд во одбраната. Во средниот ред на овој футсал тим ги вклучи поранешниот соиграч Пол Сколс и легендарниот Зинедин Зидан, пред легендата на Арсенал Денис Бергкамп, а во нападот легендарниот Патрик Клајверт.

Сето ова значи дека нема место за ниту еден Роналдо, ниту за Вејн Руни, ниту за Дел Пјеро, за многу други на кои можеби им било место во таков тим, но едноставно ова е изборот на познат голман.

Ван дер Сар моментално работи во Ајакс, поради што претходно ја одби понудата да биде еден од директорите во Манчестер.

„Среќен сум во Ајакс. Ми се допаѓа работата што ја работам и многу сум задоволен од тоа како работам. Сакам да го вратиме Ајакс на врвот на фудбалот. Почнавме со тоа минатата година, сега сакаме дури повеќе“, рече Ван Дер Сар.

Славниот Холанѓанец кариерата ја започна во Ајакс, а играше и за Јувентус, Фулам и Манчестер Јунајтед каде што остави најголем белег од 2005 до 2011 година кога ја заврши кариерата.

Како голман на Манчестер освои четири титули во Премиер лигата, како и Лигата на шампионите во 2008 година. Тој ја освои и Лигата на шампионите со Ајакс во сезоната 1994/95.