Connect with us

Фудбал

Ван Дијк го одби „невозможното“, па стана најплатениот фудбалер во историјата на „црвените“

Фудбалерот на холандската репрезентација Вирџил ван Дијк станува најплатениот фудбалер во Ливерпул.

Тој наводно го одбил „невозможното“ од Париз, па решил да потпише нов договор со „црвените“, врз основа на кој ќе заработува 250 000 евра неделно.

Деталите за понудата на ПСЖ не се познати, но смета за рекорд за еден дефанзивец, сепак Ливерпул не сака ни да помисли да го загуби, па затоа подготвиле нов и посилен договор.

28-годишниот фудбалер дојде во Ливерпул во 2018 година во трансфер вреден околу 80 милиони евра и наскоро стана клучен играч на Ливерпул со кого ја освои ЛШ, а во сите прилики ќе го освои шампионатот оваа сезона.

На 113 одиграни натпревари досега, тој има постигнато 11 гола како стопер на Ливерпул и важи за еден од најдобрите дефанзивни играчи на светот. За некои, дури и најдобар.