Connect with us

Фудбал

Ван Гал откри дека има рак

Селекторот на холандската репрезентација Луис ван Гал објави страшна вест. 70-годишниот специјалист во пренос на една од локалните телевизии признал дека боледува од агресивен облик на рак на простата. Ова се случи додека тој го претставуваше својот нов филм „Луис“, во кој детално раскажува за битката со подмолната болест, за која намерно криел од своите играчи.

Се разбира, моите роднини и пријатели знаеја за проблемот. Тоа што оваа информација досега не се појави во медиумите кажува многу за луѓето околу мене. Тие се одлични“, изјави Ван Гал

Холанѓанецот важи за еден од најдобрите тренери во последните децении. Водел тимови како Ајакс, Барселона, Баерн (Минхен), Манчестер Јунајтед и други. Во моментов по трет пат ја предводи холандската репрезентација, предводејќи ги „лалињата“ на претстојниот Мундијал во Катар на крајот од годината.