Connect with us

Фудбал

Ванда ја доби битката, Интер го продава Икарди на ПСЖ

Ванда Нара, сопруга и менаџер на Мауро Икарди успеала да договори трансфер на напаѓачот од Интер во ПСЖ. Се чека само потврда од двата клуба.

Наводно, Ванда издејствувала четиригодишен договор на Икарди со ПСЖ вреден 40 милиони евра. ПСЖ најверојатно на италијанскиот клуб ќе му плати 60 милиони евра плус бонуси. Се очекува се да биде завршено на 31 мај. Икарди во оваа сезона настапуваше во ПСЖ како позајмен, а на 31 меч постигна 20 голови.