Тајмаут
Ванда својата кариера ја градеше преку Марадона: Кревети пукнаа под нив …
Ванда Икарди е веројатно најатрактивната менаџерка во светот на фудбалот.
Контроверзната сопруга на Аргентинецот Мауро Икарди, е исто така и негова менаџерка и со своите изјави и постапки се потруди секогаш да биде во центарот на вниманието.
Ванда стана позната откако го изневери својот поранешен сопруг Макси Лопез со сегашниот сопругот Мауро Икарди, а порано ја обвинија дека спие со многумина за да успее во животот.
Во 2018 година, аргентинската презентерка Мирта Легран откри дека Ванда завршила во креветот на Диего Марадона.
„Ручав во хотел и кога си заминав, Ванда ми пријде и ме праша: Зошто не ме повикуваш во шоу? ‘, Јас одговорив: Дали си таа што имала секс со Марадона? Не ме оставивте цела ноќ да спија“, кажа тогаш Мирта и таа продолжи:
„Бев во претседателскиот апартман и тие беа веднаш до мене. Тие правеа толку многу врева што не можев да спијам. Тие дури и преместуваа мебел, не разбирам што правеа“, рече таа во тоа време.
Ванда, се разбира, ги негираше обвинувањата, тврдејќи дека се лаги, но само таа и Диего знаат дали навистина се случило нешто.