Фудбал
Ванда уништи трансфер од 100.000.000 евра на Икарди: Арапите му нудат на Мауро нереални пари, но убавицата не сака кај нив!
Ванда Нара повторно му прави проблеми на Мауро Икарди! Сега не се работи за нивната љубовна врска или врската која се распаѓа и се обновува одвреме-навреме, туку за трансфер! Икарди се уште е фудбалер на Пари Сен Жермен, кој повеќе не го сака во своите редови, па го испрати на позајмица во Галатасарај.
Турскиот гигант е подготвен да го купи, но сега се појавија пари од Саудиска Арабија. Ал Шабаб подготви дури 100.000.000 евра за Икарди, 20.000.000 како обештетување за Пари Сен Жермен и 80.000.000 како плата за двете години што проблематичниот Аргентинец ќе ги помине во клубот. Сепак, на Ванда не и се допаѓа тоа! Таа сака Икарди да се врати во Италија, каде што нема да може да добие ни приближно толку пари.
Ал Шабаб е подготвен да влезе во трка со други клубови од Саудиска Арабија, а моментално меѓу големите ѕвезди во тимот го имаат само Евер Банега. Со доаѓањето на Икарди се надеваат дека ќе можат да привлечат уште некои големи имиња во својот тим.
Сепак, желбата на Ванда Нара да се врати во Италија е голем проблем. Таа се уште е агент на нејзиниот партнер и го застапува во преговорите со клубовите. Сето ова најмалку му одговара на Галатасарај, кој мислеше дека го реши нападот со Икарди, а сега решението треба да го бара на друго место.