Поврзи се со нас

Кошарка

Ванеса Брајант го тужеше шерифот од Лос Анџелес

Ванеса Брајант, вдовицата на кошаркарот Коби Брајант, поднесе тужба против шерифот од Лос Анџелес и неговиот оддел затоа што некои полицајци направија и споделија фотографии од несреќата во која загинаа Коби и нивната ќерка Џиана.

Во тужбата се тврди дека осуммина полицајци присутни на местото на несреќата ги извадиле своите мобилни телефони и ги фотографирале мртвите деца, родители и тренери, а тоа го направиле на свое лично задоволство.

Исто така, се наведува дека фотографиите биле поделени надвор од кругот на истрага што се смета за кривично дело и што е строго забрането во полициските прописи.

Шерифот од Лос Анџелес, Алекс Виланувеа, призна претходно дека фотографиите постојат, но во своја одбрана изјави дека наредил нивно итно уништување.

Да потсетиме, истрагата сè уште трае за да се утврдат точните причини за падот, а сите индиции покажуваат дека пилотот на хеликоптерот бил дезориентиран и дека имало грешка во комуникацијата со контролната кула.

Advertisement

Facebook

Реклама