Смртта на Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џиана во неделата го потресе спортскиот свет.
Легендарниот кошаркар во НБА, заедно со осум други луѓе, меѓу кои и неговата ќерка, загина во хеликоптерска несреќа во Калифорнија, а оваа трагедија е една од најголемите во историјата на спортот.
Зад Брајант, останаа сопруга и уште три ќерки остануваат, а Ванеса Брајант денеска јавно зборуваше за прв пат за трагедијата што го погоди нејзиното семејство.
Таа на Инстаграм објави срдечна порака во која им се заблагодари на сите за нивната поддршка.
„Нема зборови што можат да ја опишат болката што ја чувствуваме. Се тешам со тоа што знам дека Коби и Џиана знаеја колку ги сакаме. Благословени сме што беа дел од нашите животи. Посакувам да останеа со нас засекогаш. Тие беа нашиот прекрасен благослов кој замина прерано“, продолжува пораката:
„Не сум сигурна како ќе помине нашиот живот по ова, невозможно е да се замисли живот без нив. Но, секој ден, ќе се будиме и ќе се движиме напред, бидејќи Коби и нашето мало девојче ќе го осветлуваат нашиот пат. Нашата љубов кон нив е бескрајна, неизмерна. Посакувам да можам да ги гушнам, да ги бакнам и да ги благословам и дека ќе останат со нас засекогаш“, вели Ванеса Брајант.