Кошарка
Ванеса Брајант за влегувањето на Коби во „Куќата на славните“: Ова е врвот на неговата кариера
Коби Брајант влезе во кошаркарската „Куќа на славните“.
Легендарниот кошаркар кој трагично загина во хеликоптерска несреќа влезе во „Куќата на славните“ за 2020 година, при што неговата сопруга Ванеса и ќерката Наталија разговараа за ЕСПН по ова достигнување.
„Ова е одлично достигнување и огромна чест. Горди сме на него. Посакуваме тој да беше тука со нас, но дефинитивно ова е врв на неговата кариера“, рече Ванеса, додавајќи:
„Ние сме горди. Секое достигнување што тој го постигна во текот на неговата кариера е чекор до ова“, истакна г-ѓа Брајант.
Покрај Коби од легендите во НБА, Тим Данкан, Кевин Гарнет и Руди Томјанович влегоа и во „Куќата на славните“ оваа година.