Фудбал
ВАР брука на натпреварот СПАЛ – Јувентус
За време на вчерашниот натпревар помеѓу СПАЛ и Јувентус, се крена врева поради проблем со ВАР системот.
Јувентус славеше со 2:1 против СПАЛ, но судијата Ла Пена беше на вистинаски маки.
Во 66. минута досуден беше пенал за СПАЛ, откако пристигна интервенција од просторијата ВАР.
Ла Пена дојде до мониторот покрај стадионот за да се увери дека е пенал, но таму не беше прикажана спорната ситуација поради проблеми со системот ВАР, па дури и комуницираше со моторола со луѓе кои седеа во ВАР собата.
ВАР инаку создава сè поголеми проблеми во светот на фудбалот, особено во Серија А. Голем број на одлуки предизвикаа бес, па така на натпреварот помеѓу Фиорентина и Милан, ВАР буквално им наштети на „росонерите“.
Многумина се незадоволни од одлуките на судиите по воведувањето на ВАР, па прашање е, дали тој ја подобри регуларноста на натпреварот или уште повеќе ја намали?