Connect with us

Фудбал

Варан побара трансфер

Рафаел Варан побара трансфер во случај клубот да добие адекватна понуда за него. Манчестер Јунајтед минатото лето го ангажираше францускиот репрезентативец од Реал Мадрид за сума од 40 милиони евра.

Варан не стартуваше против Брајтон во неделата, како и неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, бидејќи Манчестер Јунајтед загуби со 2-1 пред својата публика.

Французинот беше разочаран од одлуката на новиот менаџер Ерик тен Хаг да го остави на клупата и сега повеќе би сакал да го смени клубот.

29-годишниот фудбалер минатата сезона не ги оправда очекувањата, имаше и проблем со повредите поради што одигра само 28 натпревари.

Варан има договор со „црвените ѓаволи“ до јуни 2025 година.