Ракомет
Вардар без Талески и Кантегрел против Веспрем, но и Унгарците без неколкумина
Ракометниот клуб Вардар вечерва со почеток во 18:45 часот му гостува на Веспрем во рамките од Лигата на шампионите. Во споредба со првиот меч во Вардар ќе го нема Робен Кантегрел, на чие место ќе биде Кизиќ. Според објавените состави од страна на ЕХФ, ќе го нема и Филип Талески.
Но, нема само Вардар проблеми со составот. Имено, на списокот за овој натпревар во Веспрем ќе ги нема Николај Маркусен, потоа Гашпер Маргуч и Мате Лекаи.
Првиот меч во Скопје заврши со убедлива победа на Веспрем од 41:27. Се чини дека реваншот е само формалност.
