Фудбал
Вардар два пати водеше, па ремизира со Словачко
Фудбалерите на Вардар денеска прв пат одиграа нерешено на подготовките во Анталија. И покрај тоа што два пати водеа, избраниците на Чедомир Јаневски на крајот одиграа само 2:2 против чешкиот противник.
Јаневски се реши да го смени целиот тим од последниот меч со Заглебје, за да им даде шанса на сите играчи. Прв натпревар ова беше на Лукман Харуна кој што е на проба во Вардар, како и за Фитор Реџепи кој влезе во финишот на оваа средба.
Стрелци на головите за македонскиот шампион беа Стојчевски и Максимов.
Вардарци на подготовките во Анталија имат по две победи и порази и еден нерешен резултат.
Утре „црвено-црните“ го играат последниот дуел, ривал им е Дукла Прага.