Ракомет
Вардар е носител во ждрепката за ЛШ!
ЕХФ одлучи актуелниот европскиот ракометен првак, Вардар да биде носител на ждрепката за новата сезона во ракометната Лига на шампиони, која е закажана на 1 јули.
Македонскиот шапмион во групата се најде со ПСЖ, Веспрем и Барселона.
Составувањето на групите ќе се креира со влечење по два тима од шешир, од првиот шешир во кој се наоѓа и Вардар, два тима ќе бидат во група А, два тима ќе бидат во група Б.
Исто така тимови од иста земја, во случајот германски, унгарски и франциски екипи нема да може да играат во иста група.
Ждрепка за Лига на шампиони 2020/21:
Прв шешир: Вардар (Македонија), ПСЖ (Франција), Веспрем (Унгарија), Барселона (Шпанија).
Врор шешир: Кил (Германија), Келце (Полска), Алборг (Данска), Порто (Португалија).
Трет шешир: Мешков Брест (Белорусија), Мотор Запорожје (Украина), Нант (Франција), Пик Сегед (Унгарија).
Четврт шешир: Целје (Словенија), ППД Загреб (Хрватска), Елверум (Норвешка), Флензбург (Германија).