Connect with us

Ракомет

Вардар е прв тим на кој титулата европски првак му е земена без борба, ЕХФ компензира со пари

Ракометарите на Вардар останаа без шанса да се борат за одбрана на европската круна. Без разлика на тоа што клубот се наоѓа во тешка финансиска ситуација, без разлика на тоа што квалитетни имиња си заминаа, сепак имаше теоретски шанси на патот кон Ф4 во Келн. Сепак, ЕХФ одлучи да ја поништи и таа најмала шанса.

Вардар ќе биде првиот тим кој на овој начин ќе биде оневозможен да се бори за одбрана на титулата. „Зелената маса“ го стори своето, до новиот Ф4 или до декември ќе владее вкупно 18 месеци.

ЕХФ воедно одлучи со пари да го компензира одземеното. На сите клубови кои веднаш ги елминираше ќе им додели по 25 илјади евра. Овие пари нема да ги добијат екипите кои ќе учествуваат на Ф4, како што се Барселона, Кил, ПСЖ и Веспрем.