Ракомет
Вардар е спасен!
РК Вардар би можел да избегне банкрот и да биде конкурентен следната сезона со враќањето на претседателот Михајло Михајловски.
Вардар, кој е европски шампион двапати во последните години, имаше исклучително тешка година. Му се закануваше стечај, но тоа може да се избегне.
Сергеј Самсоненко веќе не може финансиски да го поддржува клубот и ќе се повлече, а ќе го наследи поранешниот претседател на Вардар и актуелен претседател на СЕХА-лигата, Михајло Михајловски.
Михајловски ги потврди овие информации за медиумите. Самсоненко ќе ги исплати платите на играчите на кои им следува плата во наредните денови, а Вардар ќе добие ново-стар претседател во првите денови од јуни.
Собирањето спонзори и преговорите со играчите за создавање конкурентен тим за следната сезона веќе се во тек. Ситуацијата ќе биде појасна по 15 мај.
Целта е да се задржат некои од клучните играчи како Сергеј Горбок, Тимур Дибиров, Иван Чупиќ, Глеб Калараш и капитенот Стојанче Стоилов. Михајловски веќе потврди дека Стевче Алушевски ќе биде тренер следната сезона.