Поврзи се со нас

Фудбал

Вардар Форино банкротира, не дочека ни зима и принудно отстапи од ВМФЛ

Најавуваа пласман во Првата македонска фудбалска лига, но Вардар Форино не дочека ни зима, а веќе се откажа од второлигашката конкуренција.

Преку соопштение на капитенот Ајет Абази, а подржано од самата управа на клубот, Вардар Форино повеќе нема да се натпреварува пред се поради финансискиот колапс на клубот, односно неисплатените плати во изминатиот период.

Инаку, Вардар Форино по единаесет кола има само 12 бодови и се наоѓа на осмата позиција од табелата во западниот дел од ВМФЛ.

loading...

Facebook