Connect with us

Фудбал

Вардар го чека тешко гостување кај Борец

Вардар е пред тежок испит по крајот на репрезентативната пауза. Во рамките од македонската прва лига ќе игра на гости во Велес против Борец.

„Вардарци“, пак, и покрај веќе добро познатите проблеми со кои се соочуваат низ есенскиот дел од сезоната кој едвај чекаат да заврши, посакуваат да му се реваншираат на Борец за оној пораз во Скопје од 0-1 во првото коло од првенството.

Велешани на табелата се наоѓаат на четвртата позиција што секако за овој тим е одличен учинок, освоија 19 бода.

Меѓусебните мечеви на Борец и Вардар:
08.08.2020 – Вардар – Борец 0-1
22.02.2020 – Борец – Вардар 0-1
23.10.2019 – Вардар – Борец 2-0
18.08.2019 – Борец – Вардар 0-0