Connect with us

Други спортови

Вардар го доби градското дерби со Работнички

Во воведниот натпревар од третото коло на ПМФЛ одигран попладнево на арената „Тодор Проевски“, екипата на Вардар го победи градскиот ривал Работнички со 2:0.

Првиот гол за вардарци на натпреварот, воедно и прв во новата сезона го постигна Колевски во 56 минута. Црвено-црните пропуштија уште неколку изгледни можности за втор гол, за конечно во првата минута од судиското продолжение, Аврамовски да се запише во листата на стрелците и да ги постави конечните 2:0.

Утре од 17 часот, на програмата се преостанатите четири натпревари од ова коло, а двојките се: Струга – Силекс, Шкупи – Ренова, Академија Пандев – Борец и Шкендија – Македонија Ѓ.П.

Извор: Нетпрес