Connect with us

Фудбал

Вардар го допре дното, сите играчи слободни, нема знак за спас

Раководството на ФК Вардар, според неофицијални информации, денеска им соопштило на сите играчи дека се слободни и дека може да бараат нова средина. Причината за вакво нешто е поради тоа што нема пари, нема најава за спонзори, нема спас.

Денеска фудбалерите имале состанок со раководството, а добиле таков одговор на сите нивни прашања.

Засега нема најави дека ќе има нов спонзор по заминувањето на Сергеј Самсоненко. Русинот се повлече, а им остана должен неколку плати на играчите. Наводно во следните денови на нотар ќе биде потпишана изјава со која Самсоненко ќе се обврзе да ги исплати долговите до крајот на годината.

Новата сезона ќе започне за три недели, па останува да се види каква ќе биде иднината на најтрофејниот македонски клуб, кој иако сезонава беше прогласен за шампион, остана без излез на европската фудбалска сцена, бидјќи не доби лиценца поради долговите.