Connect with us

Фудбал

Вардар му врачи отказ на Симов

Фудбалскиот клуб Вардар и Горан Симов договорија прекин на соработката. Клубот се заблагодарува на Симов за досегашната соработка, на резултатите кои ги оствари како тренер на Вардар, и му посакува среќа во понатамошниот тек на неговата кариера, стои во соопштението.

Како што велат од таборот на „црвено-црните“ функцијата в.д шеф на стручен штаб ќе ја извршува досегашниот помошник Никола Глигоров.

По испаѓањето од Прва лига, на Вардар не му оди баш најдобро ниту во Втора лига. По четири одиграни кола, тие се во долниот дел од табелата со само една победа, два порази и едно реми.