Connect with us

Ракомет

Вардар на чекор до Ф4 во СЕХА

Вардар победи со 31-30 на гости кај Нексе, во првиот четвртфинален натпревар од СЕХА-лигата. Одбраната на актуелниот шампион (5-1 зона) беше пробојна и лесно дозволуваше голови, па Нексе уште рано поведе со три разлика (7-4 во 12. минута). Го негуваше водството и го чуваше сѐ додека вардарци вистински не запнаа да излезат од негатива. Со серија од 3-0 изедначи на 13-13 во 27. минута, а три минути подоцна, кога почна одморот важеше 15-15.