Connect with us

Ракомет

Вардар не се плаши од Коронавирусот

Ракометниот клуб Вардар излезе со соопштение за утрешниот натпревар од Лигата на шампионите. Во официјалното соопштение стои дека натпреварот ќе се игра пред публика.

„Ги известуваме сите што купиле билети за натпреварот од ВЕЛУКС ЕХФ лигата на шампионите меѓу екипите на Вардар и на Монпелје, закажан за сабота (29 февруари 2020 година) во СЦ „Јане Сандански”, дека мечот ЌЕ СЕ ИГРА СО ПРИСУСТВО НА ПУБЛИКА.

Одлуката е донесена пред се поради краткиот период за било каква промена, а со оглед на тоа што станува збор за меѓународна средба која е одамна закажана, а и екипата на Монпелје е веќе пристигната во Скопје.

Препорака е да не се водат мали деца на натпреварот.

Натпреварот е закажан за 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански”, а пренос ќе има и на МТВ 1.

Безбедноста на натпреварот ќе биде во координација со други наделжни ннституции.

Ова е натпревар од последното 14. коло од групната фаза на ЕХФ лигата на шампионите. Во моментов на табелата Монпелје е на 4 место со 15 бода, еден помалку од Кјелце.

Традицијата е на страна на Вардар. Во досегашните 8 натпревари, „црвено-црните” победиле на 6, еден дуел завршил нерешено а само еднаш загубивме, и тоа во полуфиналето на Ф4 во Келн во 2018 година.“