Connect with us

Ракомет

Вардар од 1-ви јуни го менува името, ќе биде ВАРДАР 1961

Објавено:

„Во фаза сме на преземање на клубот од Самсоненко. Кога тоа ќе се заврши, треба да пристапиме кон регистрирање на новиот субјект, кој ќе се вика Вардар 1961. Целта на идното раководство е да се изгради екипа која ќе има за цел четвртфинале на Лигата на шампионите, „фајнал-фор“ на СЕХА лигата и двојна круна на домашна сцена. Голманското трио ќе го сочинуваат Кизиќ, Ристовски и Кантаегрел. Се работи за одличен голман, кој во минатото беше повикуван и во репрезентацијата. Потпишавме со Јагуриновски, а наскоро ќе знаеме и повеќе детали околу останатите засилувања“, рече за ТВ Телма, Михајловски.

Клубот треба до први јуни да се пријави за настап во Лигата на шампионите, каде од следната сезона ќе настапува во новиот формат кој ќе брои шеснаесет екипи, а пак ќе заврши со завршен турнир во „Ланксес Арена“ во Келн.

Advertisement
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама