Connect with us

Фудбал

Вардар поразен од Тиквеш, Струга единствена екипа која победи како гостин

Актуелниот македонски фудбалски шампион Струга ТЛ е единствената екипа која успеа да освои бодови на гостински терен во седмото прволигашко коло. Стружани попладнево ја совладаа Брегалница во Штип.

Тиквеш со фудбалер помалку успеа д аго совлада Вардар, Силекс беше поуспешен од лидерот Шкендија.

Резултати на денешните пет натпревари од 7. коло во Првата македонска фудбалска лига: Брегалница – Струга ТЛ 1:3
Македонија ЃП – Гостивар 2:0
Работнички – Воска спорт 2:0
Силекс – Шкендија 2:1
Тиквеш – Вардар 1:0.

Вчера Шкупи ја победи АП Брера со 1:0.

Табела: Шкендија 13 бодови, Брера 13, Силекс 12, Шкупи 12, Тиквеш 10, Работнички 10, Струга 9, Брегалница 9, Македонија ЃП 8, Воска 7, Вардар 4, Гостивар 3. зс