Connect with us

Фудбал

Вардар потврди, Васоски е нов тренер, Ѓоко Хаџиевски со нова улога!

ФК Вардар потврди дека Александар Васоски ќе биде нов тренер на тимот.
-Со огромно задоволство ја соопштуваме веста, дека од денес за нов тренер на ФК Вардар е назначен Александар Васовски – Тетовче, играчка легенда на клубот и човек под чие водство ФК Вардар ја освои последната шампионска титула во 2019 година, се вели во соопштението.
Покрај него, во клубот се враќа и големата спортска легенда Ѓокица Ѓоко Хаџиевски, најтрофејниот Вардаров тренер и човекот кој со “црвено-црните” има освено вкупно пет шампионски титули и два национални купа.  Тој ќе ја има улогата на спортски директор.
-0Сметаме дека спојот на професионализам и искуство и на желбата и знаењето, ќе биде темелот врз кој во понатамошниот период ќе се развива клубот, градејќи го постепено потребниот победнички менталитет, се вели во соопштението на ФК Вардар.
Првиот официјален натпревар за тренерот Васовски, како и за Ѓоко Хаџиевски ќе биде веќе во среда, против екипата на Силекс, кој Вардар ќе го одигра на стадионот “Борис Трајковски” во населбата Маџари, со почеток од 16:30ч