Connect with us

Ракомет

Вардар против ПИК Сегед во осминафиналето на Лигата на шампионите

Европскиот шампион Вардар во осминафиналето на Лигата на шампионите ќе се соочи со екипата на ПИК Сегед (Унгарија).

Првиот дуел од осмина-финалето се игра во периодот од 18 до 22 март во Скопје, а реваншот е во периодот од 25 до 29 март во Сегед, Унгарија.

Победникот од дуелот ќе игра во четвртфиналето со победникот од мечот помеѓу Висла и Веспрем.

Во групната фаза сезонава екипата на ПИК Сегед го освои 3. место во А групата со 20 бода, и 9 победи, 2 нерешени средни и три порази. Најголемиот успех на екипата е пламан во четврт-финалето на ЛШ каде играше четирипати во последните шест години.

Двојки за осмина-финалето во ЛШ се: Динамо Букурешт – ПСЖ Висла – Веспрем Вардар – ПИК Сегед Целје – Кјелце Пoрто – Олборг Флензбург – Монпелје

Екипите на Барселона и на Кил директно се пласираа во четврт-финалето бидејќи беа првопласирани во своите групи.