Ракомет
Вардар се посрамоти на гостувањето кај Мешков Брест
Европскиот ракометен шампион, тимот на Вардар го претрпеа четвртиот пораз во Лигата на шампионите. „Црвено – црните“ убедливо се поразени на гостувањето кај фенерџијата во групата Б, тимот на Мешков Брест со 31:22.
Вардарци одиграа одлично во првото полувреме, додека во второто не покажаа ништо од својот препознатлив репертоар. Згора на тоа во 40. минута од мечот десниот бек Даинас Кристопанс ја обнови повредата на зглобот и го напушти натпреварот.
Од овој момент домаќиниот се повеќе почна да го полни голот на македонскиот шампион и притоа да му го нанесе најтешкиот пораз сезонава.
Стоилов со шеста гола беше најефикасен во таборот на „црвено–црните“, додека по четири погодоци постигнаа Дибиров и Атман. Десното крило Ваилипау беше незапирлив постигнувајќи 12 гола за Мешков Брест на овој натпревар.
Оваа календарска година Вардар ќе ја заврши со мечот против Веспрем на домашен терен, наредната недела по што следи пауза во Лигата на шампионите поради Евроското првенство.