Connect with us

Ракомет

Вардар се врати на стари патеки

Екипата на Вардар се пласираше директно во четвртфиналето на СЕХА Газпром лигата откако вечерва ја совлада Војводина на гости со 33:35 (20:16).

Нашот тим иако губеше по првиот дел со -4, покажа одлична игра во последните петнаесетина минути и стигна дозаслужен триумф.

На две кола до крај на регуларниот дел, „црвено-црните“ си обезбедија место во Топ-8 фазата.