Connect with us

Фудбал

Вардар славеше против „Пандевци“

Победа од 2:0 забележа Вардар на домашен терен во пресметката со Академија Пандев. По мирното прво полувреме, головите „паднаа“ во вториот дел. Најнапред Цветановски погоди за 1:0 во 53-та минута, а триумфот го завери Петковски во 84-та минута.

Вардар со оваа победа се искачи на шестото место, додека Академија Пандев е на 10-тото место.

Останатите мечеви се играат утре, а се среќаваат Беласица-Работнички, Македонија ЃП –Шкупи, Пелистер-Силекс, Ренова – Борец и Струга Трум Љум –Шкендија.