Ракомет
Вардар со победата над Мешков Брест се врати на второто место на табелата
Вардарци вечерва во СЦ „Јане Сандански“ беа поуспешни од Мешков Брест и славеа со 36:31.
Најдобар стрелец на натпреварот беше играчот на Вардар Даинис Криштопанс со девет постигнати гола, Иван Чупиќ кој постигна седум гола.
Вардар со својата четврта победа по шест одиграни натпревари во Б-групата се наоѓа на второто место.
Македонскиот и Европскиот шампион сега има вкупно осум бода, Кил се наоѓа на првата позиција но не е недостижен за Вардарци на кој им бега со три бода.