Фудбал
Вардар утре игра против Заглебје Лубин
Вардар ќе игра против составот на полскиот прволигаш Заглебје Лубин, натпревар кој што се игра со почеток во 15 часот по македонско време, на теренот на хотелскиот комплекс „Каја Палацо“, на истиот терен каде што се одиграа натпреварите против Пахтакор и против Черноморец.
Заглебје Лубин е полски тим кој што два пати во историјата бил првак на Полска, последен пат во 2007 година. Претходно првата шампионска титула утрешниот противник на Вардар ја освои во сезоната 1990/1991. Има освоено и еден супер Куп на својата земја во 2007 година. Во Заглебје во моментов има и еден македонски фудбалер. Станува збор за некогашниот македонски репрезентативец Александар Тодоровски.