Фудбал
Варди е прв стрелец во Премиер лигата, но и покрај тоа нема да добие покана за репрезентација
Џејми Варди е во фантастична форма, но тоа можеби нема да биде доволно за да биде повикан во репрезентацијата на Англија.
Според британскиот „Дејли меил“, за Варди можеби не е доволно да биде првиот стрелец во Премиер лигата со 17 погодоци.
Хари Кејн ќе биде надвор од теренот следниот месец поради повреда, а можно е да го пропушти и Европското првенство, но ниту тоа не му помага на голгетерот на Лестер, бидејќи селекторот Герет Саутгејт има други планови.
Тренерот на Англија, наводно, планира да го повика Томи Абрахам, Маркус Рашфорд во нападот, а во неговите планови исто така се и Дани Ингс од Саутемптон и Калум Вилсон од Бурнмут.
Напаѓачот на Евертон, Доминик Калверт-Левин, исто така, се подготвува за место во составот на „Трите лавави“ по импресивните настапи со неговиот клуб.
Саутгејт планира да изгради тим за иднина, па не размислува за 33-годишниот Варди.