Connect with us

Фудбал

Васоски: Доволно сме квалитетни за да одиме понатаму

Вардар мора да победи против Пјуник во утрешниот реванш натпревар од првото коло, ако сака да продолжи во квалификациите за Лига Европа.

Македонскиот клуб имаа негатива од еден гол (1:0) по натпреварот одигран во Ереван.

Раководството на Вардар по натпреварот во Ерменија одлучи да го отпушти тренерот Бобан Бабунски, а на негово место го постави досегашниот помошник Александар Васоски.

– Имаме незгоден резултат по првиот натпревар, но убеден сум дека можеме да ја анулираме оваа негатива. Тоа што треба да го смениме од првиот натпревар е пристапот. Сега имаме 90 минути во кои нема да се залетаме од прва секунда во напад. Ќе мора да играме балансирано, да напаѓаме, но и да внимаваме на својот гол, затоа што на примен гол, ќе треба да дадеме три. Доволно сме квалитетни за да одиме понатака, истакна Васоски.

Тој не сакаше да ја коментира смената на неговиот претходник Бабунски. Натпреварот меѓу Вардар и Пјуник се игра утре од 19 часот во Скопје.

Реклама

ФОТО

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com