Connect with us

Други спортови

Вавринка даде се од себе, но не беше доволно за Новак!

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Рим – Србинот по 76 минути тенис во италијанската престолнина имаше 2-0 во сетови, подобар од 316. играч на планетата Стен Вавринка.

Во сетови беше 6:2, 6:2 за освојувачот на 20 Грен слем титули, па Ѓоковиќ во борба за полуфинале ќе игра против осмиот носител Феликс Огер-Алиасим кој со 2-0 го совлада Маркос Жирона.

Ова беше 26-ти дуел меѓу Ѓоковиќ и Вавринка и прв по УС Опен во 2019 година, кога Ѓоковиќ беше принуден да се откаже со 2-0 во сетови. Ѓоковиќ славеше 20 пати во меѓусебните средби, а Вавринка шест.

Сепак, 37-годишниот Швајцарец, трикратен Грен слем шампион, може да биде среќен со настапот во Рим – го прекина постот од 465 дена без победа на АТП, а во Италија победи двајца тенисери – Рајли Опел и Ласло Гир.

Неверојатно е Ѓоковиќ да не го пропушти четвртфиналето на Рим од 2007 година. Тоа беше 998. победа на АТП во прекрасната кариера на Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ беше супериорен против Вавринка, лесно правеше брејкови во првиот сет што му донесе предност, додека во вториот мораше да се помачи за да добие дел од сервис гемовите. Сепак, се чинеше дека во финишот Вавринка остана без енергија, додека во тие моменти Новак го подигна нивото на својот тенис.

Реклама

Facebook