Поврзи се со нас

Други спортови

Вавринка се раздели со својот тренер, со кого освои три Грен слема

Лозана, 21 септември 2020 (МИА) – Швајцарецот Стен Вавринка објави раскинување на соработката со тренерот Магнус Норман, со кого освои три Грен слем турнири.

  • По осум прекрасни години, решивме да се разделиме со заеднички договор. Соработката беше неверојатно силна, пријатна и исклучително успешна. Заедно го достигнавме врвот на спортот и сакам да му кажам благодарам на Магнус што ми помогна да освојам сè за што само можев да сонувам.

Тој беше одличен тренер, пријател и ментор и секогаш ќе остане моја блиска личност. Сакам јавно да му се заблагодарам за неговиот труд и посветеност да ме направи подобар.

Победите на три Грен слема го сменија мојот живот и без него не можев да го сторам тоа, напиша Вавринка.

Тој ги има освоено Австралија опен (2014), Ролан Гарос (2015) и УС опен (2016). зс/

 

Advertisement

Facebook

Реклама