Connect with us

Фудбал

Важна победа на Скопје над Шкупи во борбата за опстанок во ПМФЛ

Предвреме отпишаниот Скопје со неколку изненадувачки резултати во последните рунди значајно си ги зголеми шансите за опстанок во Првата македонска фудбалска лига кои рапидно пораснаа по денешниот триумф над Шкупи.

Тимот од Автокоманда славеше со 2:0 на дуелот одигран во Гостивар со кој се комплетира 24. коло во ПМФЛ и му го расипа дебито на тренерот на Шкупи, Зекирија Рамадан.

На саботните средби постигнати се следниве резултати:

Академија Пандев – Пелистер 1:1,
Победа – Работнички 2:0,
Шкендија – Вардар 1:0,
Вардар – Ренова 1:0.

Табела: Шкендија 62 бода, Вардар 46, Силекс 36 (-1 натпревар), Академија Пандев 29, Шкупи 29, Работнички 28, Ренова 25, Победа 25, Пелистер 22 (-1) и Скопје 20.