Connect with us

Фудбал

Вечерва дуел на титаните во Лигата на шампионите, Елмас и неговиот Наполи во сенка на супер пресметката на „Енфилд“

Вечерва во ЛШ супер пресметка во осминафиналето, помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид. Фудбалски меч, кој ниту еден љубител на овој спорт не смее да го пропушти. Ова е судир на титаните, епска фудбалска пресметка. Претстојниот меч на „Енфилд“ ќе биде десетти меѓусебен дуел на двата тима во европските натпреварувања, а Мадрид во моментов води со 5-3. Последната победа ја забележаа минатата година во финалето на Лигата на шампионите кога во Париз победија со 1:0, освојувајќи ја 14. титула на Европско првенство.

Реал беше подобар и во четврт-финалето од сезоната 2020/2021. Мадридскиот клуб тогаш на домашен терен победи со 3:1, додека на „Енфилд“ беше 0:0. Во финалето во 2018 година играа и Реал и Ливерпул, а шпанскиот тим победи со 3:1 во Киев. Мадриѓаните ги добија двата натпревари во групата во сезоната 2014/15, со 1:0 и 3:0. Ливерпул последен пат славеше во осминафиналето во 2009 година, постигнувајќи две победи (4:0, 1:0). Ливерпул и Реал беа на спротивставени страни во финалето во 1981 година, а Англичаните победија со 1:0.

„Знам дека игравме со Реал Мадрид во неколку финалиња, но не е толку често кога нашите два клуба се среќаваат во двомеч, па сега можеме да се радуваме да се случи тоа“, рече менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп. Знаеме и дека Реал е рекордер, но и нашиот настап не е толку лош. Пред се, знаеме дека го имаме Енфилд и сите знаат што значи тоа“, додаде тој.

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека претстојниот натпревар ќе биде „многу забавен и тежок“. -Ќе има одлична атмосфера на „Енфилд“, но и на Бернабеу. Ќе бидат спектакуларни натпревари“, изјави Анчелоти.

Во вториот натпревар во денот во Франкфурт, екипата на Ајнтрахт го пречекува лидерот во Серија А, Наполи на нашиот Елиф Елмас. Единствениот пат кога овие два тима се сретнаа досега беше во Купот на УЕФА во сезоната 1994/95. а германскиот тим ги доби двата натпревари со 1:0. Ајнтрахт, минатогодишниот победник на Лига Европа, ужива во првата сезона во Лигата на шампионите, но сега е пред голем предизвик. Наполи победи на 18 од последните 19 првенствени натпревари, а оваа сезона во Серија А забележа само еден пораз.

Натпреварите се закажани од 21.00 часот.