Connect with us

Фудбал

Вечерва е натпреварот кој не смеете да го пропуштите

Финале пред финале. Така со една реченица може да се опише вечерашната пресметка на Барселона и Баерн Минхен за пласман во полуфиналето. Меси против Левандовски, едни од најдобрите напаѓачи во моментов во светот. Се игра само еден меч, шанса за поправен нема, па поради тоа може да се очекува голема битка.
Дали одбраната на Барса ќе успее да го сопре најдобриот стрелец во ЛШ оваа сезона со 13 погодоци. Полјакот игра во фантастична форма. Или, дали Баерн ќе успее да најде „лек“ за Лионел Меси. Во последните пет меѓусебни мечеви статистиката е на страната на Баерн Минхен, четири победи и еден пораз, сите во Лигата на шампионите. Кога играле овие две екипи секогаш имало голови, што секако е уште еден податок кој ветува добар фудбал. Единствено ќе недостига публиката заради подобра атмосфера, но како што е познато, мечевите се играат во Лисабон на неутрален терен и без навивачи, секако поради Ковид 19.
Двата тима немаат поголеми проблеми со повредени играчи, кај Барса Тодибо и Умтити нема да играат, додека кај Баерн, истото е со Павар.

Последни пет меча:
БАЕРН МИНХЕН – БАРСЕЛОНА 3:2
БАРСЕЛОНА – БАЕРН МИНХЕН 3:0
БАЕРН МИНХЕН – БАРСЕЛОНА 2:0
БАРСЕЛОНА – БАЕРН МИНХЕН 0:3
БАЕРН МИНХЕН – БАРСЕЛОНА 4:0

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com