Connect with us

Фудбал

Вечерва „македонско дерби“ во Шпанија, Трајковски против Барди

Во шпанската Примера вечерва се играат три натпревари. Еден од нив е оној помеѓу Мајорка и Леванте. За домашниот тим настапува Александар Трајковски, додека за гостите Енис Барди. Ова практично ќе биде “македонско дерби“ во шпанската лига.

Мајорка грчевито се бори за опстанок во лигата, веќе се наоѓа во опасната зона, со шест бодови помалку од Бетис. Вечерашен пораз веројатно ќе значи и преселба во понизок ранг. Леванте и Барди се безбедни на средината на табелата. Според најавите Барди ќе почне од првата минута, додека Трајковски можно е да биде на клупата за резервни фудбалери.