Connect with us

Фудбал

Вечерва Шкендија против ТНС, утре Работнички против Хонвед

Ференц Пушкаш е едно од најславните имиња кое ги бранело боите на противникот на „Романтичарите“, унгарски Хонвед. И покрај големата фудбалска традиција и славните имиња кои го носеле дресот на овој тим, сепак, стратегот на Работнички, Ѓоре Јовановски смета дека неговата екипа ќе успее да го елиминира противникот.

„Екипата на Хонвед ја респектираме. Доаѓа од од првенство кое е за едно ниво подобро од нашето и екипа која има огромна фудбалска традиција. Јас сум оптимист. Верувам во екипата и тоа не го кажувам само од почит да им се даде мотив. Мислам дека имаме шанси да го поминеме Хонвед“, изјави Ѓоре Јовановски, тренер на Работнички.

Работнички изминатиот период одигра шест натпревари на летните подготовки во Словенија. Според Остоја Стјепановиќ, екипата имала доволно време за анализа и подготвена ќе влезе во мечот против Хонвед.

„Ние како фудбалери сме подготвени. Добро ги одработивме овие подготовки. Имаме доволно информации и доволно време од извлекувањето помина. Сметам дека подготвени ќе влеземе во утрешниот натпревар а до нас е да го дадеме максимумот“, рече Остоја Стјепановиќ, Работнички.

Унгарски Хонвед по втор пат доаѓа во Македонија. Во сезоната 96/97, во тогашното натпреварување Куп на победниците на куповите играше против Слога Југомагнат, денешен Шкупи. Унгарскиот тим беше подобар со две победи и вкупни 2:0.

Своите натпревари во Лига Европа Шкупи и Вардар ќе ги одиграат во четврток против Глазгов Ренџерс, односно Пјуник.

Јорданчо Цветаноски | ТВ 21

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com